Дома Останати Димитров му одговори на Ѓоковиќ: Вината е кај организаторите

Димитров му одговори на Ѓоковиќ: Вината е кај организаторите

Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак гостуваше во РТЛ каде што за целата ситуација на „Адрија Тур“ го обвини Григор Димитров.

Бугарскиот тенисер објави дека е позитивен на коронавирусот на пола час пред финалето на турнирот во Задар кој на крајот беше откажан. Набрзо потоа и уште неколку тенисери потврдија дека се заразени, за вчера да стигнат и резултатите на Ѓоковиќ. 

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Срѓан директно го обвини Димитров за целата ситуација и истакна дека Бугаринот им нанел штета на двете држави и неговото земејство.

„Во врска со изјавата на Срѓан Ѓоковиќ за хрватска телевизија, би сакал да изјавам дека Григор слета во Белград по 3 месеци во комплетна изолација. Ниту во Белград, но ниту во Задар не му беше понудено, а не беше ниту обврзан да е тестира за Ковид 19. Организаторите на турнирот се тие кои имаат одговорност за сигурност и безбедност и мораат да направат правилата да се почитуваат. Григор го почитуваше она што организаторите го бараа и ги почитуваше сите закони додека ги поминуваше границите на Бугарија, Србија и Хрватска“, се вели во соопштението од тимот на Димитров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Вака денес изгледа Моника Селеш: Се бори со ретка болест (Фото)

Тениската легенда Моника Селеш после подолг период објави фотографија на социјалните мрежи…