Дома Фудбал Италија Јувентус и продаде „анонимец“ на Аталанта за осум милиони евра

Јувентус и продаде „анонимец“ на Аталанта за осум милиони евра

Јувентус е познат како клуб кој во последните години работи добро на трансфер пазарот, а сега изгледа „Старата дама“ заврши уште една добра работа.

Освен што Јувентус знае да доведе добро засилување за мала сума, па и за „џабе“ заработуваат и кога продажбите се во прашање.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесува дека Јувентус денес на Аталанта и го продал 22 годишниот Симеоне Мураторе кој настапува за Б тимот на клубот од Торино.

Мураторе сезонава настапуваше за У23 тимот на Јувентус кој се натпреварува во Серија Ц и успеа да собере 15 настап и да постигне еден гол, ја носеше и капитенската лента.

Она што е интересно во овој трансфер е сумата, Аталанта за овој млад фудбалер и анонимец за пошироката јавност ќе плати осум млиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јамал откри кој за него е најдобриот фудбалер во историјата

Ламине Јамал без дилема е за многумина моментално еден од најдобрите играчи во светот, а м…