Каталонскиот гигант Барселона заработи 1,2 милиони евра со продажба на „навивачки-токени“.
Клубот ја продаде целата количина од 600.000 токени за помалку од два часа по цена од 2 евра за секоја криптовалута.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Со купување виртуелни токени, навивачите се стекнаа со право да учествуваат во гласање на специјални клупски анкети, но и можност да освојувааат награди, вклучително и гледање на вип натпревари на Барселона како вип гости или запознавање со играчите.
Токените придонесоа за дополнителен приход на клубот и се очекува да го зголемат ангажманот на навивачите околу каталонскиот клуб.
Првата анкета во кое сопствениците на токени можат да учествуваат е поврзана со уметнички дела што ќе бидат во соблекувалните на стадионот „Камп Ноу“.
Друга серија токени ќе излезе во продажба во среда, а цената ќе се утврди врз основа на понудата и побарувачката.