Дома Фудбал Реал испратил жалба до Ла Лига: „Кралевите“ се жалат и бараат ист третман

Реал испратил жалба до Ла Лига: „Кралевите“ се жалат и бараат ист третман

Реал Мадрид и Барселона се изедначени на осум кола пред крајот и до крајот ќе гледаме возбудлива трка за титулата.

Двата ривали имаат по 65 бода, а Реал е лидер поради подобриот меѓусебен дуел. Но, еден кикс на Реал ќе биде доволен Барса да се врати на врвот, па затоа ќе биде интересно.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Во Шпанија се поголема е напнатоста и се внимава на секој детал, а Ла Лига го објави распоредот за 33. и 34. коло и во Мадрид сметаат дека нешто не е во ред. Во Реал сметаат дека тие ќе имаат помалку простор за одмор од Барселона.

Реал помеѓу два натпревари ќе има вкупно одмор од 72 часа, додека Каталонците ќе имаат скоро пет дена пауза. Во 33. коло Реал на „Сан Мамеш“ ќе игра против Атлетик, а веќе во недела ќе го пречека Алавес. Од друга страна Барселона во 33. коло игра против Атлетико, но во вторник, значи два дена пред Реал да го игра својот натпревар за идниот натпревар да го играат дури во недела навечер против Виљареал.

Тоа значи дека Барселона ќе има повеќе простор за одмор во згуснатиот распоред во самата завршница и поради тоа Реал испрати жалба во Ла Лига и бара клубовите да имаат ист третман.

Со кој игра Барса, а со кој Реал во последните осум кола можете да погледнете тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан го сака братот на ѕвездата на ПСЖ

Милан го насочиле вниманието кон братот на ѕвездата на ПСЖ, Гела Дуе, кој исто така игра в…