Дома Топ вести Што се случува во Барса? Се степале Меси и Гризман!?

Што се случува во Барса? Се степале Меси и Гризман!?

Шпански „Диарио Гол“ пренесува по малку зачудувачки вести – Меси и Гризман имале физичка пресметка!?

Овој медиум објави, а потоа и другите почнаа да пренесуваат дека во првиот тренинг на Барселона по ремито со Севиља дошло до тепачка помеѓу Французинот и Аргентинецот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наводно се започнало со лутење од страна на Гризман кон Меси бидејќи сметал дека не сакал да му асистира во натпреварот во саботата и го обвинил дека тој е виновен што Барса не ги освоила трите бода. Таквото однесување на Гризман не му се допаднало на Меси, па му возвратил после што следувал хаос.

Сето ова се случувало пред очите на Кике Сетиен кој бил приморан да реагира.

Оваа вест секако звучи зачудувачки, но треба да се спомене дека Гризман уште од кога дојде баш и не се вклопува во тимот на Барселона, барем тоа го кажува статистиката од неговите настапи на теренот.

Како и да е ако ова е точно, тогаш во Барса владее напната атмосфера во завршницата од сезоната во која влегуваат со ист број бодови како и Реал Мадрид меѓутоа „кралевите“ се лидери поради подобриот меѓусебен дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…