Српскиот шампион Црвена Звезда денес потврди дека пет фудбалери се позитивни на корона вирус.
Црвена Звезда соопшти дека позитивни на коронавирус се Марко Гобељиќ, Његош Петровиќ, Душан Јованчиќ, Марко Конатар и Бранко Јовичиќ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гобељиќ, Јованчиќ, Петровиќ и Конатар ги имале симптомите и пред мечот од последното коло во Суперлигата на Србија против Пролетер, па поради тоа не биле на стадонот.
Јовичиќ, од друга страна, одигра 65 минути во мечот против Пролетер, а потоа присуствувал и на церемонијата за доделување на трофејот.
„Ситуацијата на играчите ја следиме внимателно, а ќе биде направено и ново тестирање пред почетокот на подготовките за новата сезона. Играчите кои не беа во можност да го подигнат пехарот за шампион на Србија… Клубот уште еднаш им честита и им посакува брзо заздравување. Црвена Звезда ги презема сите мерки на претпазливост и заштита“, сооптија од клубот.
Во Србија скоро цел месец се игра фудбал со публика на требините, а мечот Партизан – Црвена Звезда испадна како „биолошка бомба“ бидејќи многу луѓе се заразиле со КОВИД 19.