Дома Македонски спорт Шпанците забележаа интересна статистика: Барди е синоним за непобедливост!

Шпанците забележаа интересна статистика: Барди е синоним за непобедливост!

Eнис Барди во викендот кој е зад беше еден од најзаслужните за победата на Леванте против Еспањол од 1:3.

Барди беше стрелец за вториот гол на Леванте кога неговиот тим поведе со 1:2. Тоа за македонскиот репрезентативец беше 15-ти гол во дресот на Леванте. Шпанските медиуми забележаа еден интересен статистички податок – кога Барди дава гол Леванте не губи!

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Барди е синоним за непобедливост“, гласи насловот на „Супердепорте“.

Освен тоа веќе осум натпревари во низа кога Барди дава гол Леванте победува. Додека вкупниот учинок на Леванте кога Барди дал гол е девет победи и три нерешени во 12-те натпревари во кој тој се запишувал во листата на стрелци.

Во изјава за нашиот сајт Барди по натпреварот потенцираше дека е среќен поради голот по враќањето, но дека за него најважни се победите на тимот.

„Среќен сум за голот. Најважно е што тимот играше добро, одлично се чуствувавме на теренот. Тоа е најважно. Треба да продолжиме вака и да освоиме што повеќе бодови“, ни изјави Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар преку Новаци до четвртфинале во купот

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Вардар, без многу мака ја мина пречката нареч…