Дома Фудбал „Пукна“ во Јувентус: Пјаниќ исфрлен од тимот?

„Пукна“ во Јувентус: Пјаниќ исфрлен од тимот?

Италијанските медиуми пренесуваат дека дошло до жестока расправа помеѓу тренерот на Јувентус, Маурицио Сари и плејмејкерот Миралем Пјаниќ.

Како што тврдат медиумите, Пјаниќ е исфрлен од тимот и сигурно нема да биде на теренот во утрешниот натпревар против Болоња.

Расправијата се случила на тренинг, а Пјаниќ изразил незадоволство со статусот во тимот, но и со фактот дека премногу долго траат шпекулациите за негов трансфер во Барселона.

Јувентус го загуби финалето на Купот од Наполи и тоа ја зголеми нервозата во редовите на „старата дама“.

Наводно и Кристиано Роналдо е во лоши односи со тренерот Сари, кој јавно го критикуваше Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фариоли го чека Алегри: Подготвени сме за сè, но тој може да нè изненади

Тренерот на Порто со голем респект кон Алегри пред дуелот со Наполи, во кој португалскиот …