Челзи ова лето сака значително да го засили тимот и ќе биде многу активен на трансфер пазарот.
Откако го потврдија трансферот на Тимо Вернер, следна цел на „сините“ е ѕвездата на Баер Леверкузен, Каи Хаверц.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
20-годишниот талент е продукт на школата на Баер Леверкузен и веќе две сезони блеска во Бундеслигата. „Фармацевтите“ сигурно нема лесно да се откажат од него, а неговата цена секојдневно расте.
На социјалните мрежи веќе се појавија информации дека Челзи е заинтересиран за Хаверц, а интересно е што ѕвездата на Леверкузен стави „лајк“ на таа вест.
Хаверц во моментов се проценува на 85 милиони евра, а Челзи е спремен да ја плати таа сума и да ја победи конкуренцијата.