Бразилскиот десен бек, Дани Алвеш е убеден дека иако има 38 години би можел да биде ѕвезда во сегашниот Милан.
Дани Алвеш мометално настапува во својата татковина во дресот на Сао Паоло, но смета дека без проблем би можел да игра во некои европски гиганти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Јас би бил ѕвезда во денешниот Милан. Возраста е само бројка и јас се уште можам да играм на високо ниво. Сакам да се борам, да играм фудбал и да освојувам трофеи. Порано трчав по 12 километри на меч, сега можам да трчам по 8 километри“, изјави Алвеш.
„Сигурен сум дека не сакам да се срамам од фактот дека сум на терен. Кога веќе нема да можам да играм, ќе ја завршам кариерата“, додаде Бразилецот.