Дома Останати Ракомет Moжно ли е вакво нешто: Вујо во Вардар ама не како тренер?

Moжно ли е вакво нешто: Вујо во Вардар ама не како тренер?

Вардар скоро и да го комплетираше тимот за наредната сезона, но она што ќе следи во следниот месец е пополнување на некои функции во раководството.

Позицијата спортски директор остана празна по заминувањето на Едуард Кокшаров. Сега се појавија информации дека на оваа позиција Вардар може да го доведе Веселин Вујовиќ. Вујовиќ неодамна си замина од ППД Загреб поради приватни причини, меѓутоа не ја исклучува можноста брзо да се врати во ракометот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вујо имаше и понуда да биде селектор на Саудиска Арабија меѓутоа ја одби и можеби чека понуда од некој балкански клубови.

Михајло Михајловски, старо-новиот сопственик на Вардар има одличен однос со Вујовиќ. Покрај тоа Алушовски и Вујовиќ добро се познаваат затоа што Вујо му беше тренер во Вардар и репрезентацијата на Македонија, нивниот однос е одличен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Барселона го најде наследникот на Левандовски

Барселона сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантас…