Дома Фудбал Официјално: Михајловиќ го продолжи договорот со Болоња

Официјално: Михајловиќ го продолжи договорот со Болоња

Синиша Михајловиќ ја победи тешката болест и денес стави потпис на нов договор со Болоња.

Италијанскиот клуб денес потврди дека Михајловиќ се обврзал на верност до 2023 година.

„Болоња информира дека постигнавме согласност со Синиша Михајловиќ за продолжување на неговиот договор до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на клубот.

На Михајловиќ му остануваа уште две години од претходниот договор, но поради добрите резултати клубот сака да го задржи долгорочно.

Српскиот стартег минатата сезона ја спаси Болоња од испаѓање, а оваа сезона иако се бореше со тешка болест, сепак тимот бележи добри резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го задржа својот голгетер: Кејн потпиша до 2029 година!

Освојувачот на „Златната топка“ ја продолжи верноста кон Баерн, за кој постигна 156 гола н…