Дома Фудбал Англија Џерард: Ливерпул треба да му подигне статуа на Клоп

Џерард: Ливерпул треба да му подигне статуа на Клоп

Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард изјави дека менаџерот на „црвените“ заслужува статуа во негова чест пред стадионот „Енфилд“.

Клоп буквално го „препороди“ Ливерпул, минатата сезона ја освои Лигата на шампиони, а оваа сезона е на добар пат да ја освои титулата во Премиер лигата после цели 30 години.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Сметам дека некој како Клоп веќе треба да биде награден. Често во фудбалот чекаме додека луѓето остарат за нивните постигнувања да добијат признание“, истакна Џерард.

„Знам дека сопствениците на Ливерпул нема дозволат тоа да се случи. Штом Клоп ќе ја подигне титулата во Премиер лигата тие треба да изградат негова статуа пред стадионот“, смета легендата на клубот.

Клоп денес го слави 53-от роденден и веќе со Ливерпул ја освои ЛШ, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…