Сезоната во шпанската Ла Лига конечно продолжи пред неколку дена со натпреварите од 28. коло.
После три месеци пауза клубовите во Шпанија го продолжија натпреварувањето, а уште во првото коло можевме да видиме неколку добри натпревари. Барса во саботата во гости ја декласира Мајорка со 4:0, додека Реал синоќа го победи Еибар со 3:1 и го задржа чекорот на табелата во Ла Лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, колку фудбалот се промени поради пандемијата можеше најдобро да се види после натпреварот Мајорка – Барселона. Кике Сетиен и неколку играчи на Барса дадоа изјави после натпреварот, а тие фотографии го обиколија светот.
Имено, и давањето изјави сега се целосно различни бидејќи новинарите се на дистанца од најмалку два метри, а во кадар можете да го видите само мирофонот кој е покриен со најлон.