Вечерва во Италија на програмата беше реваншот од второто полуфинале во Купот на Италија помеѓу Наполи и Интер.
Наполи од првиот натпревар имаше предност од 1:0 и на крајот успеа да обезбеди финале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер рано уште во втората минута постигна гол преку Ериксен, Данецот погоди директно од корнер. Создаде Интер уште неколку прилики, меѓутоа не реализираше.
Christian Eriksen Scores for Inter direct from the corner
— InterCoppaItaliaVids (@CoppaVids) June 13, 2020
Napoli 0-1 Inter (1-1 on aggregate) pic.twitter.com/uQ6eMpO7Tx
Токму откако Кандрева пропушти една одлична прилика Наполи креираше контра преку која со гол ја заврши Мертенс во 41. минута. Треба да се спомене дека со овој гол Мертенс стана најдобриот стрелец во историјата на Наполи со 122 гола. Зад себе го остави Хамшик со 121.
Ospina -> Insigne-> Mertens
— Junior Maruwa (@juniormaruwa) June 13, 2020
Love straightforward goals like this. pic.twitter.com/LWFkD52H03
Во второто полувреме гледавме нешто помирна игра, а Наполи успеа да ги задржи овие 1:1 иако Интер беше подобар противник .
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во денешниот натпревар играше од првата минута и на теренот беше до 65. минута.