Дома Топ вести Oфицијално: Две големи имиња заминуваат од ПСЖ!

Oфицијално: Две големи имиња заминуваат од ПСЖ!

Бразилецот Леонардо потврди дека ПСЖ нема да ги продолжи договорите со Тијаго Силва и Едисон Кавани.

На двете големи имиња од ПСЖ им истекуваат договорите, а клубот нема да им понуди нови. Кавани седум години беше дел од ПСЖ и одигра 200 натпревари и постигна 138 голови. Силва во ПСЖ помина осум години и успеа да собере 204 натпревари.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Според информациите и она што се пишуваше во претходниот период се очекува и двајцата да се вратат во Италија.

Силва најмногу се поврзуваше со Милан, додека Кавани со градскиот ривал на „росонерите“, Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…