Дома Останати Ракомет Џабе Загреб се бунеше, Гаџа потврди: Доаѓам во Вардар, сакам да играм за европскиот шампион!

Џабе Загреб се бунеше, Гаџа потврди: Доаѓам во Вардар, сакам да играм за европскиот шампион!

Хрватскиот ракометар Анте Гаџа во интервју за медиумите во Хрватска потврди дека доаѓа во Вардар.

Иако постоеа изјави од тимот на Загреб дека Гаџа е нивни играч, сега повеќе нема дилеми.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


„По заминувањето на Скубе Вардар бараше играч на мојата позиција. Се јавија кај менаџерот и ме прашаа дали сакам да потпишам за нив и јас прифатив. Кажав дека сакам да играм за нив затоа што се европски шампиони, тоа ќе биде чекор напред во мојата кариера. Се надевам дека Вардар повторно ќе биде стариот. Останаа голем дел од ракометарите и се надевам на успешна сезона“, изјави Гаџа.

Инаку, неговиот Загреб во овие моменти се соочува со финансиски проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Галевски знае каде летово нема да оди на одмор – во Грција!

Младиот чувар на мрежата на Алкалоид, Иван Галевски, кој блесна во првиот финален натпрева…