Дома Фудбал Италија Бреша до Балотели: Со твоето искуство можеш да стане дипломиран правник

Бреша до Балотели: Со твоето искуство можеш да стане дипломиран правник

Веќе на сите им е јасно дека Марио Балотели нема да остане во Бреша.

Денес медиумите во Италија пишуваат дека Балотели испратил три формални писма до клубот за да биде вратен на тренинг. Ќе потсетиме, пред неколку дена Балотели беше избркан од тренинг кампот. Балотели исто така се  повикал на колективниот договор и побарал платата од март да му биде исплатена цела во рок од 20 дена.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На Балотели му одговори адвокатот на Бреша.

„Мислам дека Балотели во топ 5 првенства е единствениот фудбалер кој си дозволи да го пријави клубот дека не си ги исполнува обврските и да се повика на колективниот договор во време на коронавирусот. Исто така Бреша доби разни предупредувања и тоа тие предупредувања беа испратени секогаш навечер. Во последните 10 дена Балотели испрати три писма и тоа секогаш помеѓу 20:00 и 23:30 часот кога канцелариите не работат. Со искуството кое го стекна на полето за приме на колективниот договор може да стане дипломиран правник“, изјави адвокатот на Бреша, Матија Грасани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик со силни критики: Овој што го прави распоредот нема поим од фудбал

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, се воздржуваше од поплаки речиси целата сезона, освен н…