Дома Фудбал Италија Пиоли пред реваншот со Јувентус: Шансите за финале се 50-50

Пиоли пред реваншот со Јувентус: Шансите за финале се 50-50

Милан утре му гостува на Јувентус во реванш полуфиналниот дуел од Купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тренерот на Милан, Стефано Пиоли смета дека двете екипи имаат подеднакви шанси за пласман во финалето и истакна дека целта на „росонерите“ оваа сезона е излез во Европа.

„Фудбалот повторно е најважната работа и треба да се вратиме безбедно на него. Важно е дека повторно ќе играме, секако моите играчи не се 100% подготвени како порано, но сметам дека шансите за пласман во финалето се подеднакви“, истакна Пиоли.

„Мојата цел е јасна – да дадам се од себе и да извлечам максимум од оваа сезона. Целта на Милан е да се врати во Европа преку првенството или Купот. Јас секогаш им кажувам на играчите дека најважен е амблемот на нивните гради, а не имињата на грбот. Ние двапати се судривме со Јувентус оваа сезона. Беше тешко за нив, како што беше и за нас“, заклучи тренерот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Парагвај поднесува жалба до ФИФА против Џуд Белингам

Парагвајската фудбалска асоцијација поднесе официјална жалба до ФИФА, со која бара казна з…