Дома Фудбал Ајакс го „блиндира“ талентот кого го сакаше половина Европа

Ајакс го „блиндира“ талентот кого го сакаше половина Европа

Младиот играч за врска на Ајакс, Рајан Гравенберх денес стави потпис на нов договор со клубот од Амстердам и се обврза на верност до 2023 година.

18-годишниот Гравенберх е дел од академијата на Ајакс од 2010 ходина, а во 2018 година на само 16 години дебитираше за првиот тим. До овој момент тој има вкупно 14 меча за првиот тим на кои постигна 3 гола.

За овој млад талент заинтересирани беа голем број на европски гиганти, но Ајакс успеа да го „блиндира“ со нов договор.

„Често ме прашуваа изминатите месеци што ќе правам, но мојата желба беше само една – да останам во Ајакс. Јас сум тука веќе 10 години и ова е мојот дом“, изјави младииот фудбалер.

Гравенберх важи за еден од најголемите таленти во Холандија и веќе го споредуваат со Кларенс Седорф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Канаваро ја откри големата желба: Сакам да ја водам Италија!

Фабио Канаваро мечтае за клупата на „аѕурите“, а сè уште нема одговор зошто Удинезе не го …