Дома Фудбал Италија „Балотели само се брука, не знам зошто не ја заврши кариерата“

„Балотели само се брука, не знам зошто не ја заврши кариерата“

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели се наоѓа во центарот на вниманието во претходните денови бидејќи стана јасно дека неговата авантура во Бреша е завршена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балотели пропушти неколку тренинзи на италијанскиот клуб наводно без да ги извести тренерот и луѓето во Бреша и тоа ги налути сите во клубот. Продолжување помеѓу двете страни сигурно нема да има, а сега се чека само официјална потврда за тоа.

Дека Балотели ја заврши својата авантура во Бреша стана јасно кога „Супер Марио“ пред два дена беше избркан од тренинг центарот на клубот кога се појавил после неколку дена.

За целата ситуација сега се огласи агентот Фурио Валкареги кој смета за дека за Балотели најдобро е сега да ја заврши кариерата.

„Погрешија што воопшто го купија. На него сега најпаметно му е да ја заврши кариерата. Изгледа како да не му се игра и не знам што продолжува ако му е здосадено. Се брука од годината од година“, изјави Валкареги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заврши норвешката бајка, Англија по 120 минути до полуфинале на Мундијалот! (Видео)

Англиската репрезентација успеа да се пласира во полуфиналето на Светското првенство, по д…