Дома Фудбал Мијатовиќ: Јовиќ не е спремен за да успее во Реал Мадрид

Мијатовиќ: Јовиќ не е спремен за да успее во Реал Мадрид

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ проговори за ситуацијата на Јовиќ во „кралскиот“ клуб.

Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Тој оваа сезона запиша 24 настапи на кои постигна само 2 гола, па се поизвесно е неговото заминување.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Мијатовиќ смета дека Јовиќ едноставно не е комплетно посветен за да успее во клуб каков што е Реал Мадрид.

„Кога зборувам за Јовиќ, би сакал да зборувам за постигнување на голови, но не е така. Тој е млад, дојде тука после одлична година во Ајнтрахт. Но не видовме многу од него, само некои детали кои се премалку за да се каже дека тој е фудбалер на Реал Мадрид. Изгледа како да не е сто проценти посветен на идејата да биде успешен во Реал Мадрид“, истакна Мијатовиќ и додаде:

„Мора да се пронајде некое решение кое ќе ги задоволи двете страни. Можеби е контрапродуктивно ако остане во Реал“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ал-Хилал му постави ултиматум на Бруно, подготвува понуда од 100 милиони за Јунајтед

Саудискиот Ал-Хилал му даде рок од 72 часа на Бруно Фернандеш, во кој Португалецот треба д…