Примарна цел на Арсенал ова лето ќе биде доведување на врвен напаѓач со оглед на фактот дека Обамејанг најверојатно ќе го напушти „Емирати“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Англиските медиуми пренесуваат дека најголема желба на тренерот Артета е напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.
Српскиот напаѓач беше донесен од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата. Ретко добива шанса, а шпански „Дон Балон“ пишува дека е „пречкртан“ во плановите на Зинедин Зидан.
Веќе подолго време како фаворит за неговиот потпис се споменува Милан, но сега и Арсенал влезе во трката за неговиот потпис.
„Топџиите“ се спремни да му понудат повисока плата од „росонерите“ и со тоа да ја добијат битката за неговиот потпис.
Реал Мадрид е спремен да го пушти српскиот напаѓач за 40 милиони евра плус бонуси.