Во фудбалот во Германија има голема злоуботреба на медикаменти, откри документарниот филм на ARD „Тајниот допинг“.
1147 фудбалери, од Бундеслигата и останатите пониски лиги зедоа учество во снимањето на документарнииот филм и ги споделија своите искуства. Во разговорите учествувале и поранешни фудбалери, тренери, клупски лекари и слично.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дури 47% од нив признаваат дека добивале недозволени анаглетици за намалување на болката, а 21% од нив тврдат дека ги земале еднаш месечно или уште почесто.
Скоро 42% од сите испитаници како причина за земање на лекот наведуваат не само намалување на болката, туку на тој начин ја зголемувале физичката издржливост, па дури и за ослободување на главата од непотребни мисли и стрес.
Дефанзивецот Невен Субитиќ е еден од професионалните фудбалери кои застанаа пред камерата и признаа: „Тоа што го видов во последните 14 години е дека Ибупрофен им се дава на фудбалерите како бомбони. За се што да се пожалат фудбалерите веднаш им се дава Ибупрофен. На играчите не им се објаснува какви последици може да предизвика тој лек“, објаснува Суботиќ.
Поранешниот играч на Фортмунд и Мајнц, Дани Шахин исто така признава за честата употреба на недозволени медикаменти. „Не е реално фудбалерите да продолжат да играат без такви аналгетици, ако се пристрасни кон фудбалот. Во последните 3-4 години ништо не се постигнува без апчиња“.
Братот на Матс Хумелс, Јонас Хумелс дури признава дека ставил 4 инјекции во коленото, откако таблетите престанале да му дејствуваат.
Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Фритц Келер призна дека останал „шокиран“ од ваквите откритија и апелира да се пресемат мерки.
Инетресно е што при допинг контролите не се детектира овој лек, кој неконтролирано им се дава на фудбалерите во Германија.