Дома Фудбал Италија Во Неапол најавуваат: „Дијамантот“ допрва ќе блеска!

Во Неапол најавуваат: „Дијамантот“ допрва ќе блеска!

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас минатото лето се пресели во редовите на Наполи, а се добива впечаток дека токму кога почна да игра како што знае и да добива повеќе шанса од Гатузо дојде прекинот поради коронавирусот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По Везув сега очекуваат дека „дијамантот“ допрва ќе блесне. За нив нема да биде изненадување ако се најде во првите 11 на Гатузо веднаш по рестартот на првенството.

„Во проблематичната сезона со многу проблеми една од најсветлите точки во последниот период пред прекинот беше Елиф Елмас. Елмас кој е роден 1999 година покажа големи квалитети, а допрва треба да го видиме најдоброто од него. Беше „виновник“ за победата против Сасуоло, а против Сампорија постигна гол и доминираше на средината. Ова може да биде само најава дека „дијамантот“ ќе блесне“, пишуваат медиумите во Неапол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aмериканците за Иранците имале специјални правила и важеле само за нив

Откако успеа да го реши прашањето со визите, фудбалската репрезентација на Иран повторно е…