Дома Топ вести Тоти се уште не го рекол последното „збогум“ на фудбалот – Пристигна интересна понуда!

Тоти се уште не го рекол последното „збогум“ на фудбалот – Пристигна интересна понуда!

Франческо Тоти можеби се уште не го рекол последниот збор како фудбалер.

Имено, по 24 години кариера, Тоти минатата седмица се збогува со дресот на Рома и активното учествување во фудбалот, но изгледа дека постојат многу тимови кои се заинтересирани за големата икона во фудбалот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Првично се пишуваше дека Тоти кариерата ќе ја продолжи во САД, во МЛС лигата, но италијанските медиуми објавија дека Тоти денеска добил интересна понуда.

На адресата на Франческо Тоти пристигна понуда од екипа која се натпреваруа во Серија Б, односно Пескара.

Пескара минатата сезона отпадна од Серија А, а менаџерот Зденек Земан му порача да ги разгледа сите прилики и да одлучи.

„Тој се уште сака да игра и го сакаат во САД. Мислам дека е прерано за улогата ‘амбасадор’, потребно му е да игра во сериозна екипа. Зборував со него минатата недела и тој сака да игра фудбал, но се зависи од условите. Ќе ми биде задоволство да го повикам во клубот“, изјави Земан во интервју за „Radio Due“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…