Дома Фудбал Барса понуди нови договори за Тер Штеген и Меси!

Барса понуди нови договори за Тер Штеген и Меси!

Управата на Барселона на големо размислува за иднината, барем ако се верува на Мундо Депортиво.

Како што пренесуваат од овој медиуми, Барселона започнала преговори со Меси и Тер Штеген околу продолжување на соработката.

Договорот на Меси со Барса истекува летото 2021. година, а на Тер Штеген една година подоцна, но челниците на клубот веќе сакаат да ги продолжат.

Двајцата се означени како приоритети за продолжување на договорите, и затоа со нив се започнати преговорите.

Според Мундо Депортиво, после нив следни на листата се Ансу Фати и Нелсон Семедо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонските младинки со 20 фудбалерки ќе бркаат враќање во Лига А

Кирил Изов го избра составот за квалификацискиот турнир во Стара Пазова. Македонија ќе се …