Како што беше најавувано во претходните денови Марио Балотели доби отказ во Бреша!
Раскинувањето на договорот го иницирал клубот, меѓутоа застапниците на 29 годишниот напаѓач немале ништо против, па така може да се каже дека дошло до договор за прекин на соработката.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Балотели во последните недели не се појавуваше на тренинзите и тоа нормално го налути газдата Масимо Челино. Пред неколку дена кажа дека се надева дека нема мора да го отпушти „Супер Марио“, но на крајот се случи токму тоа. Ќе потсетиме, Балотели имаше уште две години од договорот со Бреша, но и клазула според која ќе стане слободен играч ако клубот испадне од лигата.
Бидејќи е извесно дека Бреша веројатно ќе се врати во Сербија Б, Балотели секако можеше да замине. Балотели сезонава одигра 19 натпревари и постигна пет голови.