Дома Фудбал Останато Енрике откри што им кажал на играчите пред финалето со Јувентус: Прво беа во шок, а потоа се насмеаа

Енрике откри што им кажал на играчите пред финалето со Јувентус: Прво беа во шок, а потоа се насмеаа

На денешен ден пред пет години Барселона го победи Јувентус со 3:1 во финалето од Лигата на шампионите.

Каталонците во Берлин тогаш ја освоија петтата европска круна и без поголеми проблеми го совладаа Јувентус. Головите за Барса ги постигнаа Иван Ракитиќ, Луис Суарез и Нејмар, а единствениот гол за „старата дама“ беше дело на Алваро Мората.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона таа година освои тројна круна што беше голем подвиг за тренерот Луис Енрике за кого тоа беше прва сезона во клубот.

Енрике се потсети на тој натпревар во Берлин и откри дека се пошегувал со своите играчи пред натпреварот. Тој прво одржал мотивационен говор, а потоа им покажал на играчите колку верува во нив.

„Се сеќавам дека на шега ги прашав играчите што е најлошото што може вечерва да им се случи. Се јавија Чави и Дани Алвес кои кажаа дека најлошо ќе биде ако не играме во нашиот препознатлив стил и уште некои работи. Тогаш ги прекинав и само кажав: Најлошто што може да се случи вечерва е да сте играч на Јувентус и да играте против Барселона. Прво беа во шок, а потоа се насмеаа. Тоа сигурно дополнително ги мотивираше“, изјави Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…