Ако Никола Јокиќ имаше некој проблем во НБА лигата тогаш тоа е неговата физичка спремност.
Силата секако не е проблем, експлоизвноста и скокот баш и не се силни страни на српскиот центар. Меѓутоа изгледа Јокиќ на најдобар начин ја искористил паузата поради пандемијата од коронавирусот и работел на својот недостаток.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на кошаркарските операции на Денвер, Тим Конели го пофали напредокот на Јокиќ.
„Ни се јави и е во одлична форма. Ми испрати фотографија без маица, има и стомачни. Не сум го видел таков. Може и на плажа“, на крајот се пошегува Конели.
НБА лигата донесе одлука сезоната да продолжи па ќе видиме како ќе изгледа Јокиќ на паркетот.