Управата на НБА лигата донесе одлука и го прифати планот за кој се шпекулираше во претходните неколку дена.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сезоната во најсилната кошаркарска лига во светот ќе продолжи во формат со 22 тима, а натпреварите ќе се играат во Орландо.
На состанокот 29 членови на одборот гласале „за“, а против бил само еден. Наводно тоа бил претставникот на Портланд. Така сезона ќе продолжи од 31 јули и во неа ќе влезат 16 екипи кои веќе ги држат плеј-оф позициите и шест тимови кои имаат шанса да стигнат од осмата позиција од Истотокот и Западот.
Секој тим ќе одигра по осум натпревари од „регуларниот“ дел од сезоната за да се утврди поредокот за плеј-офот. Доколку на крајот на регуларниот дел од сезоната помеѓу осумото и деветото место во една конференција разликата е помала од четири натпревари ќе се игра „плеј-ин“ за осмата позиција и плеј-оф.
Тимовите кои ќе ја продолжат сезоната се: Бостон, Бруклин, Далас, Денвер, Хјустон, Индијана, Л.А.Клиперс, Л.А.Лејкерс, Мемфис, Мајами, Милвоки, Њу Орлеанс, Оклахома, Орландо, Филаделфија, Финикс, Портланд, Сакраменто, Сан Антонио, Торонто, Јута и Вашингтон.