Дома Останати Кошарка НБА Се враќа НБА: Познат начинот на кој ќе се заврши сезоната!

Се враќа НБА: Познат начинот на кој ќе се заврши сезоната!

НБА лигата наскоро ќе се врати на паркетите низ САД, а планот е сите натпревари да се играат во Орландо. Сезоната би требало да се продолжи во јули.

Според информациите таму ќе се најдат најдобритњ 16 екипи во лигата и оние кои се во борба за плеј-оф места – Њу Орлеанс, Портланд, Феникс, Сакраменто и Сан Антонио на Западот и Вашингтон на истокот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Орландо клубовите би одиграле по осум натпревари од лигашкиот дел на сезоната после што ќе следи класичното доигрување во кое ќе учествуваат 16 екипи, пренесува „ЕСПН“. Од првиот круг би се играло до четири победи, а клубовите ќе бидат поделени по конференции.

Натпреварувањето во НБА е прекинато уште во март откако центарот на Јута Руди Гоберт беше позитивен на коронавирус. До прекинот најдобри екипи беа Милвоки со скор од 53-12 и Лејкерси со 49-14.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Скандалозно однесување: Кошаркар на Милвоки намерно ја фрли топката во публика 🎥

Екипата на Милвоки ја заврши сезоната во НБА лигата со елиминацијата во плеј-офот од Индиј…