Дома Фудбал Интер и Јунајтед во преговори за Алексис Санчез

Интер и Јунајтед во преговори за Алексис Санчез

Алексис Санчез оваа сезона е на позајмица од Манчестер Јунајтед во Интер, но поради повреда не се изнаигра многу.

Сепак, во Интер се задоволни од прикажаното па сака да ја продолжи неговата позајмица од Јунајтед.

Интер нема опција да го откупи неговиот договор, но со оглед на тоа дека позајмицата му истекува на 30. јуни, започнаа преговори за продолжување на договорот до крајот на сезоната.

Останува да видиме дали Јунајтед ќе се согласи на тоа, бидејќи и тие се наоѓаат во слична ситуација околу обидот да ја продолжат позајмицата на Игало.

Исто така, се поставува прашањето дали Интер ќе продолжи да ја плаќа истата сума или ќе мора да ја плаќа целата плата на Алексис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Растодер ја прекина гол-сушата, Македонија по поразот во Глазгов оди во бараж

Македонија загуби од Шкотска со 2-1 и остана без победа на 13 натпревари во низа. Голот на…