Дома Топ вести Донесена одлука во Ла Лига: Натпревари може да се играат секој ден!

Донесена одлука во Ла Лига: Натпревари може да се играат секој ден!

Натпреварите од Ла Лига можат да се организираат од понеделник до петок навечер до крајот на сезоната 2019/2020. Тоа значи дека сите денови во неделата се достапни за натпревари од шпанското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Шпанската фудбалска федерација одлучи да не оди контра Ла Лига која планира да ги искористи сите денови во календарот за да ја комплетира сезоната.

Ваквите вести пристигнуваат после извештаите на Кадена Коп дека Ла Лига веќе резервирала пет понеделници за натпреварите.

Шпанскиот фудбалски сојуз долго време беше против играњето во понеделник и петок бидејќи тоа се коси со желбите на навивачите, но поради вонредните околности сепак сега се согласи на воведувањето нови термини.

Меѓутоа не се исклучува можноста играњето во понеделеник да продолжи и наредната сезона со оглед дека распоредот би можел да биде згуснат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скалони доби ужасни вести: Аргентинецот поради тешка повреда на тренинг ќе го пропушти Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Аргентина се подготвува за одбрана на златото кое го освоија…