УЕФА планира сезоната во Лигата на шампионите да ја заврши во август, а елитното натпреварување според најавите би требало да продолжи со реваншите од осминафиналето на 7 и 8 август.
Еден од реванш натпреварите кои би требало да биде одигран е оној помеѓу Јувентус и Лион на „Алијанц стадионот“ во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот тим во првиот натпревар победи со 1:0 и се надева дека ќе го исфрли италијанскиот гигант од Лигата на шампионите. Инаку, Лигата на шампионите е единственото натпреварување во кое ќе игра Лион до крајот на сезоната после прекинот на лигата и купот во Франција.
Лион поради одлуката за предвремениот прекин остана без пласман во европските натпреварувања наредната сезона. Во Лион се надеваат дека ќе го елиминираат Јувентус и ќе му зададат тежок удар.
За тоа зборуваше кондициониот тренер во францускиот тим, Паоло Ронгони кој поодамна работеше во Лацио и Рома.
„Се надевам на сценарио во кое Лацио ќе им го земе Скудетото, а потоа ние ќе им зададеме тежок удар со елиминација од Лигата на шампионите“, изјави Ронгони.