Секоја година на 25. и 26. мај се потсетуваме две легендарни финалиња во Лигата на шампионите.
Вчера се потсетивме на пресвртот на Ливерпул против Милан (25. мај 2005 година), а на денешен ден се случи пресвртот на Манчестер Јунајтед против Баерн Минхен (26. мај 1999 година).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во тоа финале на „Ноу Камп“ Баерн и Манчестер Јунајтед играа изедначен натпревар бидејќи и двата тима беа прилично силни. Баварците титулата во Германија ја освоија со 15 бодови пред Леверкузен, а Јунајтед поминуваше низ 10 дена во кои можеше да освои се или да остане без ништо.
Титулата во Премиер лигата „црвените ѓаволи“ ја обезбедија со победата од 2:1, а шест дена подоцна го освоија ФА Купот со победата против Њукасл. Четири дена подоцна ги чекаше финалето на „Ноу Камп“ во кое бркаа тројна круна.
Иако се очекуваше изедначен натпревар, Баерн беше за класа подобар точно 91 минута. Уште во 6. Минута Марио Баслер постигна гол од слободен удар, а Јунајтед се мачеше со креирање на најобична акција. Зиклер промаши голема шанса, Скол погоди статива, а Карстен Јанкер пречка и пропушти уште една добра прилика.
Во продолжение иста слика. Јунајтед не постоеше на теренот се до судиското продолжение кое требаше да се игра три минути. Фергусон во меѓувреме ги внесе во игра Теди Шерингам во 67. минута и Оле Гунар Солскјер во 80. минута.
Јунајтед се обидуваше, меѓутоа не создаваше вистински шанси, Баерн се бранеше без проблеми. На трибините навивачите на Баерн веќе започнаа да палат бакљи и да ја славата титулата. Тогаш во 91. минута одбраната на Баерн исфрли топка во корнер, Бекам побрза да го изведе. Нафрли, Германците лошо реагираа, а ударот на Гигс од работ на шеснаесетникот кон голот го насочи првиот џокер на Ферги, Теди Шерингам.
На играчите на до тогаш самоуверениот Баерн како да им се пресекоа нозете. Од друга страна Јунајтед не се задоволи со продолженијата и тргна во уште еден напад. Баерн се повлече и во 93. минута нов корнер. Бекам повторно нафрли, Шерингам лошо ја зафати топката, меѓутоа вториот џокер на Фергусон, Солскјер на втората статива со неверојатен рефлекс ја смести топката во мрежата за луди 2:1.
Тоа беше прва европска титула за Манчестер Јунајтед после 31 година.