Дома Фудбал Лига на шампиони Тимот на Интер на враќањето во Милано по освојувањето на ЛШ доцнел поради Пандев

Тимот на Интер на враќањето во Милано по освојувањето на ЛШ доцнел поради Пандев

По повод 10 години од триплетата на Интер со Жозе Мурињо еден од најважните играчи на тој тим Марко Матераци им се обрати на навивачите преку писмо кое клубот го објави на официјалната страна.

Матераци помеѓу другото објасни и зошто тимот доцнел на враќањето од Мадрид, од финалето. Како што откри Матераци за доцнењето на тимот „виновник“ бил македонскиот капитен Горан Пандев. Пандев по финалето против Баерн бил задржан на анти-допинг тест.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Морати тогаш беше среќен како мало дете. Сите едвај чекавме да се вратиме во Милано и да славиме со навивачите. За доцнењето е виновен Пандев. Мораше да оди на анти-допинг тест и се задржа, па можете да му се лутите него“, се пошетува Матераци.

Интер засега е единствениот италијански тим на кој му успеало во една сезона да ги освои Лигата на шампионите, Серија А и Копа Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Валенсија му се поклони на Димитриевски: Столе е нашиот свет (Видео)

Македонскиот голман Столе Димитриевски блесна на голот на Валенсија, каде што конечно доби…