Дома Фудбал Италија Неапол ќе го прогласи Мертенс за почесен граѓанин

Неапол ќе го прогласи Мертенс за почесен граѓанин

Откако одлучи да остане и да потпише нов договор со Наполи, Дрис Мертенс ќе биде прогласен и за почесен граѓанин на Неапол.

Интер и Челси беа заинтересирани за Белгијанецот на кој му истекува договорот на крајот од сезоната, но играчот донесе одлука да остане во Наполи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ќе заработува четири милиони евра по сезона до јуни 2022. година, плус 500.000 евра бонус за потпис од 2,5 милиони евра.

Покрај тоа, станува и почесен граѓанин на Наполи, бидејќи од доаѓањето покажува голема љубов спрема навивачите, луѓето и самиот град.

Пред три години за почесен граѓанин на Наполи беше прогласен и Диего Марадона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тренерот на Лион: Премногу го прославивме четвртиот гол. Сe слави дури на крајот.

Во исклучително драматичен натпревар, Јунајтед го исфрли Лион и се пласираше во полуфинале…