Дома Топ вести Лудилото почнува: Њукасл носи две МЕГА засилувања

Лудилото почнува: Њукасл носи две МЕГА засилувања

Откако Њукасл ќе го превземе саудискиот принц Мохамед Бин Салман се очекува да пристигнат големи засилувања на „Сент Џејмс Парк“.

Во Англија веќе сите на Салман гледаат како на нов сопственик и очекуваат наскоро целата работа да биде и официјализирана. „Калчомеркато“ пишува дека една од првите инвестиции би требала да дојде од Италија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калид Кулибали е стопер за кого се интересираат голем број европски гиганти како Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и ПСЖ, но наводно Њукасл со принцот ќе му понуди поголема плата и договор од 12 милиони евра по сезона. Кога е Наполи во прашање тие би можеле да го пуштат за оштета од 80 милиони евра.

Играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре е вториот играч кој заедно со Кулибали треба да пристигне во Њукасл. За него исто така се заинтересирани многу европски гиганти, но шеиците се спремни да ја победат конкуренцијата со астрономска понуда.

Медиумите на Островот пишуваат дека преговорите за трансфер на овие двајца фубалери се во напредна фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…