Mладиот фудбалер на Челзи, Калум Хадсон Одои бил уапсен вчера откако манекенка која била во неговата куќа повикала полиција.
Англиските медиуми на големо пишуваа за овој инцидент кој се уште не е баш јасен. Одои поминал скоро цела ноќ во својата куќа со девојката, а таа во раните утрински часови повикала полиција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите на Островот пишуваат дека се уште не е познато зошто манекенката која била во неговиот дом повикала полиција.
Откако полицијата пристигнала на адреса на Хадсон-Одои тој бил приведен на испрашување за да се утврди што се случило. Девојката која ја повикала полицијата се жалела дека не се чувствува баш добро.
Од полицијата открија дека повикот го добиле во 03:53 часот неделата наутро и било пријавено дека една девојка не се чувствува добро. „Сан“ пишува дека Одои девојката ја запознал оналајн и ја повикал кај него дома.
Наводно, тие размениле неколку еротски пораки пред нејзиното доаѓање. Меѓутоа што подоцна се случило се уште не е познато, се шпекулира дека дошло до расправија и физичка пресметка.