Дома Топ вести Мурињо се согласи: Го дава Де Геа за 25 милиони, но бара голем кусур!

Мурињо се согласи: Го дава Де Геа за 25 милиони, но бара голем кусур!

Давид де Геа е главна трансфер мета на Реал Мадрид ова лето, па се очекува сагата околку неговиот трансфер да биде главна тема во текот на летото.

Иако пред само неколку дека Манчестер Јунајтед ја одби понудата на Реал од 60 милиони фунти, сепак последните информации од Островот велат дека Мурињо попуштил и двете страни се блиску до договор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Имено, „Скај Спорт“ пренесува дека Мурињо е спремен да го пушти Де Геа за 25 милиони евра, плус потписот на напаѓачот на „кралевите“ Алваро Мората.

Откако пропаднаа шансите да го донесе Гризман, Мурињо целосно ќе се насочи кон Мората, кој пак не е задоволен од својот статус на „Сантиаго Бернабеу“.

Сепак, Јунајтед ќе треба да ја победи конкуренцијата, бидејќи за неговиот потпис силно се заинтересирани уште Милан и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…