Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Фиорентина започнале преговори за голема трампа која треба да се сличи ова лето.
Пандемијата со коронавирус предизвика големи финансиски загуби кај клубовите, па ова лето ќе гледаме многу трампи на трансфер пазарот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, Фиорентина е сериозно заинтересирана за Лукас Пакета, кој во Милан пристигна минатата година како големо засилување, но во последно време го загуби местото во првиот тим.
Моменталната цена на Бразилецот изнесува 30 милиони евра, а Милан на Фиорентина и нуди трампа и сака да го добие потописот на првата ѕвезда на „виолетовите“, Федерико Киеза.
Интерес за Киеза покажуваат многу европски клубови, но Фиорентина за неговата слобода бара 70 милиони евра, сума која тешко дека ќе биде платена ова лето.
„Росонерите“ се спремни да го понудат Пакета плус 30 милиони евра за потписот на Киеза, а преговорите се во напредна фаза.