Дома Фудбал „Барселона во тоа време ќе газеше и без Гвардиола, него му беше лесно“

„Барселона во тоа време ќе газеше и без Гвардиола, него му беше лесно“

Легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков смета дека Пеп Гвардиола имал лесна задача во Барселона.

Гвардиола со Барселона од 2008 до 2012 освои се што можеше да се освои и сигурно дека таа генерација на Каталонците ќе се памети уште долго.

Стоичков смета дека Гвардиола дочекал систем кој веќе бил совршен.

„Работата на Пеп беше лесна бидејќи. Рајкард создаде тим кој тој само го превзема. Меси веќе дебитираше, а беа тука Деко, Роналдињо, Анри, Пујол…Барселона ќе газеше се пред себе и без него. Имаше неколку играчи кои мораше да се продадат, а пристигнаа Педро и Иниеста. Меси добиваше се поголема шанса и екипата беше комплетна“, објасни Стоичков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Соиграчот на Халанд воодушевен: Пронајдовме вистински бисер!

Ерлинг Халанд изрази огромното задоволство од Ајуб Буади (18), едно од најголемите таленти…