Дома Македонски спорт Мак ракомет Грандиозен Вардар го нокаутира гигантот и се пласира во ФИНАЛЕ!

Грандиозен Вардар го нокаутира гигантот и се пласира во ФИНАЛЕ!

Ракометарите на Вардар на маестрален начин, со гол во последните секунди ја победи Барселона (26:25) и се пласираше во финалето на Лигата на шампиони.

Вардар со гол на Лука Циндриќ во последните секунди ја турна Барселона на колена и утре против ПСЖ ќе се бори за големиот пехар од Лигата на шампионите.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Вардар импресиониран го почна натпреварот, направи неколку грешки ѝ дозволи на Барселона да направи предност од 8:5, но како што одминуваше мечот, нашиот тим се врати и во финишот од полувремето дојде и до првото водство. На одморот замина со предност од 13:12.

Во второто полувреме се играше гол за гол, Вардар го диктираше натпреварот, постојано водеше, а Барселона изедначуваше.

Кире Лазаров на 15 секунди до крајот го израмни резултатот, но Вардар го искористи последниот напад и преку Циндиќ постигна гол за победа и финале.

Иван Чупиќ и Алекс Душебаев со по седум голови беа најефикасни кај нас, додека шесте голови на Лазаров не беа доволни за финале.

Утрешното финале меѓу Вардар и ПСЖ е со почеток од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Познат распоредот на СП: Македонија стартува против Унгарија

Вечерва Загреб беше домаќин на ждрепката за Светското првенство во ракомет што од 12 јануа…