Играчот за врска на Астон Вила, Џек Грилиш е трансфер цел број еден на Манчестер Јунајтед ова лето, пренесуваат медиумите на Островот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На „Олд Трафорд“ се надеваат дека ќе можат да го донесат англискиот репрезентативец за 50 милиони фунти, доколку клубот од Бирмингем испадне од Премиер лигата.
Во спротивен случај Астон Вила за слободата на Грилиш ќе бара помеѓу 70 и 80 милиони фунти, но Јунајтед е спремен да преговара.
После доаѓањето на Бруно Фернандеш во јануари, Солскјер смета да го комплетира средниот ред со Грилиш и го поставил Англичанецот како приоритет.
Последните информации се дека „црвените ѓаволи“ ќе се откажат од Санчо поради високата цена, па нема да жалаат пари за да го донесат Грилиш.