Дома Фудбал Италија Нов проблем за Серија А: Тројца фудбалери на Фиорентина позитивни на корона

Нов проблем за Серија А: Тројца фудбалери на Фиорентина позитивни на корона

Пред враќањето на тренинзите сите фудбалери во Серија А се подлежни на тестови за коронавирус.

Некои клубови веќе започнаа со тренинзи, но резултатите во Фиорентина не се охрабрувачки за ре-старт на Серија А.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Имено, клубот од Фиренца денес потврди дека има шест позитвни на коронаворус, од кои тројца фудбалери и тројца вработени во клубот.

Заразените веднаш се испратени во карантин, а останатите утре ќе бидат тестирани пред да започнат со тренинзи во тренинг центарот.

Инаку Фиорентина беше најпогоден клуб на почетокот на пандемијата и имаше вкупно 12 случаи позитивни на КОВИД 19.

Резултатите од денешните тестирања секако не се охрабрувачки за Серија А која се очекува да продолжи на почетокот на јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Милан ја реши иднината на Вокер, но што ќе се случи со Ернандез?

Кајл Вокер сè уште не знае каде би можел да игра следната сезона.  Овој фудбалер е на поза…