Дома Фудбал Англија Од Премиер лигата се заканија: Ако не сакате да играте ќе ве исфрлиме!

Од Премиер лигата се заканија: Ако не сакате да играте ќе ве исфрлиме!

Раководството на Премиер лигата минатата недела едногласно изгласаа продолжување на сезоната во Премиер лигата.

Клубовите сакаат да се вратат на групните тренинзи од 18. мај, а планот е сезоната да се продолжи на 12. јуни и да се игра на неутрални терени.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа за ова ќе биде потребна дозвола од властите во државата. Продолжувањето на сезоната на неутрален терен најмногу го оспоруваат клубовите кои се во опасната зона и оние во близина. Норвич, Астон Вила и Бурнемоут се клубовите кои се на дното, а над нив се Брајтон, Вест Хем и Вотфорд.

Нив им одговара сезоната да се прекине и во тој случај никој да не испадне, додека во случај на продолжување би воделе тешка борба за опстанок на неутрален терен.

Денес медиумите пишуваат дека до овие клубови е испратено писмо преку кое раководството на Премиер лигата им се заканило со исфрлување ако продолжат да одбиваат да играат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крај на една ера, замина и Гундоган

Летото 2025 година е лето на заминување на легендите од „Етихад“. По Кевин де Брујне, Џек …