Осман Дембеле не може да игра за Барселона до крајот на сезоната во Ла Лига.
Францускиот фудбалер не е во можност да настапи во првенството бидејќи клубот во февруари го ангажираше и регистрираше Мартин Брајтвајт, откако Дембеле заработи повреда која го оддалечи од теренот неколку месеци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дури и ако биде подготвен за настап, специјалната дозвола која тимот од Камп Ноу ја доби за ангажирање уште еден играч после неговата повреда, му оневозможува настап на Дембеле во првенството.
Дембеле сепак ќе има право на настап во ЛШ, каде е регистриран заедно со останатите играчи, но сигурно дека тоа е мала утеха бидејќи постои можност Барса да одигра само уште еден натпревар во ова натпреварување.
Дембеле оваа сезона пред повредата одигра девет натпревари и постигна само еден погодок.