Дома Фудбал Англија Педро не сака да го продолжи договорот со Челси

Педро не сака да го продолжи договорот со Челси

Педро Родригез најверојатно по крајот на сезоната ќе го напушти Челси.

Имено, тој на 30. јуни ќе стане слободен играч, а соработката нема да биде продолжена. Наскоро ќе ја донесе одлуката за иднината, а се поврзува со клубови од Италија и Шпанија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Поради коронавирусот не сум разговарал со челниците на клубот. Знам дека имам договор до 30. јуни и треба да седнеме за да разговараме што понатаму. Отворен сум да ги слушнам и другите понуди, но приоритет ми е да го завршам договорот со Челси.“ – изјави 33-годишниот офанзивец.

Се шпекулира дека во овој момент Педро е најблиску до Бетис.

Бетис поранешната ѕвезда на Барса може да ја добие бесплатно, а помеѓу двете страни наводно веќе се воспоставени контакти.

Доколку Бетис сака да го донесе Педро мора да биде подготвен на жестока конкуренција, бидејќи договор, помеѓу останатите, му нуди и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…