Ѕвездата на Лајпциг, Тимо Вернер ова лето ќе ја промени средината и веќе донел одлука кариерата да ја продолжи во редовите на Ливерпул.
Вернер е еден од најбараните напаѓачи во Европа, но Ливерпул ја доби трката за неговиот договор и постигна целосен договор со Германецот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Црвените“ за неговиот потпис ќе платат 60 милиони евра, а Вернер ќе потпише договор вреден 10 милиони евра по сезона.
Вернер кариерата ја започнал во Штутгарт во 2013 година, а три години подоцна се пресели во Лајпциг. За „биковите“ има одиграно 118 натпревари на кои постигнал 72 гола, а оваа сезона има постигнато 27 гола.